Еден од најдобрите и најголеми диџеи на светот на сите времиња, ARMIN VAN BUUREN ќе биде вториот хедлајнер на навистина неверојатно атрактивното издание на OHRID CALLING 2018 година!
Како што веќе најавивме, првите хедлајнери на OHRID CALLING 2018 се Dimitri Vegas & Like Mike кои ќе настапат на 01-ви август, ноќ спроти Илинден, на стадионот „Билјанини извори“, додека Аrmin van Buuren како втор хедлајнер, ќе настапи во сабота, на 04-ти август, на истото место.
Човекот кој четири години по ред беше прогласуван за најдобар диџеј според списанието DJ Mag, се има закитено со многу признанија и награди. Неговите албуми се продаваат во огромни тиражи, а дел од неговите траки стануваат огромни радио хитови.
Радио-шоуто „State of trance“, чиј водител е токму тој, е најслушано радио-шоу во областа на електронската музика, што е уште една потврда за квалитетот на овој Холанѓанец.
Настапите на Armin van Buuren секогаш се енергични и полни со одлични нумери, но и со изненадувања. Сигурни сме дека и неговиот настап во Охрид ќе биде забележан како еден од низата феноменални настапи на Аrmin van Buuren, кој ќе привлече бројни фанови од Европа.

Влезниците ќе бидат пуштени во продажба од среда (27.12) преку продажната мрежа на Купи Карти За Се низ цела Македонија, и тоа по следниве цени:

ПАРТЕР 2- 1000 денари
ПАРТЕР 1- 1.500 денари
ФАН ПИТ- 2.000 денари

Од истиот ден во продажба ќе бидат пуштени и блок влзеници за ова шоу и она на DIMITRI VEGAS & LIKE MIKE, по цени од:

ПАРТЕР 2- 1.600 денари
ПАРТЕР 1- 2.100 денари
ФАН ПИТ- 3.000 денари

ВАЖНО: Axwell & Ingrosso, Dimitri Vegas & Like Mike, Armin van Buuren... делува неверојатно, но е вистинито. И тоа не е се`! Одиме понатаму, останете вклучени!

Авалон Продукција

Facebook настан: https://www.facebook.com/events/314293712415193/



 

Слични настани:

Оставете коментар