BRIT FLOYD во Скопје!
“The World’s Greatest Pink Floyd Show” за прв пат во Македонија со
ECLIPSE WORLD TOUR 2018!

Авалон Продукција со голема радост, возбуда и задоволство ве известува дека по настапите пред повеќе од милион фанови низ целиот свет, на 14 ноември со почеток во 20:30h, во ВИП Арена- Борис Трајковски ќе имаме можност да уживаме во нешто што е многу повеќе од најдоброто трибјут Pink Floyd шоу на светот.
BRIT FLOYD се посветени на тоа да го оживеат Pink Floyd во секоја нота и секој потег, поради што заслужено се сметаат за нешто најблиску до Pink Floyd.
Во Скопје носат исклучително прецизен музички перформанс придружен од неверојатно оргинално видео и анимација на препознатлива бина со пинк-флојдовскиот лак и светлосен круг, па затоа подгответе се за совршено аудио и визуелно доживување на легендарните песни од “The Piper at the Gates of Dawn” па се до “Division Bell”.
Се разбира, со заслужен третман ќе биде изведен и сечиј омилен албум “Wish You Were Here”, како и легендарниот “The Dark Side of the Moon”, кој оваа година слави 45 години.
Важно е и да се напомене дека Brit Floyd доаѓаат со своја продукција: звук, светло и видео.
Билетите ќе бидат пуштени во продажба оваа среда, во 09 часот, преку продажната мрежа на Купи Карти За Се низ цела Македонија и онлајн на веб страницата на ККЗС, по следниве цени и категории:

ПАРТЕР 700 денари
ФАН ПИТ 1.000 денари
SILVER SEATS 1.200 денари (блок 5, 6, 10 и 11)
GOLDEN SEATS 1.500 денари (блок 3, 4, 7, 8, 9 и 12)
ВИП 2.000 денари (блок 13)

Одиме понатаму. Заедно.
Авалон Продукција

Facebook настан: https://www.facebook.com/events/368320203674242/



 

Слични настани:

Оставете коментар