Beertija Pub Quiz Vol.6

Beertija Pub


Среда, 08 Август 21:00-00:00

Beertija Pub Quiz

Идеме понатаму и оваа Среда, но овој пат со малку по nerdy теми (кои како секогаш, возможно доцна да бидат објавени хахха). Сепак ќе се обидеме да бидеме интересни и да има избалансирани прашања за сите квизаџии. Дојдете на пивце, тривија и журка! :D

1. Секој играч вложува 50 денари во THE JAR OF CHAMPIONS.
2. Охрабрено е формирање на тимови (6 души макс), но и соло учество е дозволено.
3. Во игра се 10 категории, со по 5 прашања од секоја.
4. Прашањата се од 10, 20, 30, 40 и 50 поени.
5. Тимовите oдат по редослед кој ротира.
6. Доколку тимот не го погоди точниот одговор на прашањето, микрофонот се префла на следниот тим и натаму додека некој не го погоди одговорот.
7. Доколку изротира цел круг и не е погоден точниот одговор на прашањето, никој не ги добива тие бодови.
8. Тимот со најмногу поени е победник на квизот и добива <гратис пиење> од пабот.
9. Доколку победниците точно ги погодат сите свои прашања, го освојуваат износот кој бил собран во THE JAR OF CHAMPIONS.
10. Доколку не се исполни ова, износот се префрла во сумата од следниот квиз и постепено џекпотот расте.
11. Строга забрана за користење интернет за време на квизот.
12. Have fun ^^

Повторно сме со gamemaster Даре од Бидер Маер. :D

Се гледаме.

Facebook настан: https://www.facebook.com/events/430656757443978/



 

Слични настани:

Оставете коментар