Помина точно една ипол година од последниот настап на нашето нај популарно pop/r`n`b дуо ДНК пред скопската публика. Сега, Ви закажуваме нова средба, за која имаме два поводи. Првиот е промоција на последниот албум “The Best Of” и синглот “Дијамант”, а вториот е почетокот на новата учебна година. Локацијата е XL Summer Club, а датумот е 31ви Август / Петок. ДНК ќе настапат заедно со нивниот 9-член бенд (гитара, сајзер, сакс, тапани, бас и придружни вокали), а за загревањето на атмосферата ќе се погрижи Dj Fitty Flow. На настапот ќе има и специјални гости, чии имиња ќе ги дознаете на лице место. Главен акцент на настапот ќе биде ставен на албумот “The Best Of” кој беше промовиран кон крајот на Мај, а ќе бидат изведени и некои од нивните најпопуларни хитови од претходните материјали, меѓу кои “Што сака нека биде”, “Срце”, "Уште еден ден", “Ѕвер”, “Фрази Љубовни”, “Пола Човек”,”Невозможна Мисија”, “Најмила”,”Таа тоа го крие”, “Навлечен на Тебе” "Таа тоа го крие", “Авион”,”Полна Месечина”, “Она е од Шутка”, “Од утро до мрак” и други.
Првите 200 посетители ќе добијат подарок – последниот албум “The Best Of”
Информации и резервации - 070393103
Facebook настан: https://www.facebook.com/events/247647389196853/
Оставете коментар