Ни претставува огромно задоволство да Ве поканиме на Мотивациски викенд кој е во организација на Студентскиот парламент на ФИНКИ и EESTEC LC Skopje.

Семинарот ќе се одржи во планинарски дом „Смрека“ на Попова Шапка во периодот од 26-28 октомври, каде преку тренинзи и работни сесии ќе бидат обработувани содржини на тема „Комуникациски вештини“.

Во текот на семинарот ќе се посвети внимание на аспектите на комуникациските вештини кои се од исклучителна важност за кариерниот развој на секој млад инженер, како и неговото усовршување во тимската работа и презентацијата на неговиот труд.
Со помош на одлични предавачи и тренери присутните ќе имаат можност да ги усовршат своите комуникациски вештини и преку стимулација на реални ситуации да го победат стравот од мискомуникација и несогласувања во тим.

Сите кои се желни за нови знаења, одлична дружба и мнооогу забава се добредојдени!

Цената за превоз, престој, храна и пијалоци е 1200 ден. (без превоз 1000 ден)

Линк за аплицирање: https://goo.gl/forms/a5dV6ZxLk4E9UfWs1

Рок за пријавување е до недела (21.10.2018) на пладне (12:00).

Плаќањето ќе биде во периодот 22.10 - 24.10.2018 (понеделник - среда) од 11:00 до 15:00 часот во канцеларијата на СП ФИНКИ или во канцеларијата на EESTEC LC Skopje.

Се гледаме!

Facebook настан: https://www.facebook.com/events/559611914478714/



 

Слични настани:

Оставете коментар