На кафе со Психолог

Caffeine / Кoфеин


Понеделни, 22 Октомври 18:00-19:30

Ајде да имаме едно заедничко дружење!

Нема да биде работилница, не е предавање ниту пак семинар.
Ве поканувам да испиеме едно заедничко кафе и да поразговараме на многу теми. Доколку има теми од психологијата кои ви се интересни и сакате да дознаете повеќе, доколку сакате да прашате за нешто или пак да го испиете попладневното кафе во супер друштво- тогаш забележете ја оваа дата во календарот.
На ова кафе поканив да ни се придружат неколку мои колеги и колешки психолози. Сите негуваат љубов и страст кон психологијата, работат во интересна област и имаат интересни теми да ви понудат. Пред се, сите се фантастични и многу кул луѓе.
Концептот на на настанот е малку поинаков од претходните наши кафе дружења. Овој пат секој психолог ќе биде седнат на една маса на која што ќе му се придружат 4-6 лица. Психологот ќе понуди тема и вие ќе имате можност според вашиот интерес да си одберете психолог со кој што ќе го испиете вашето кафе и ќе чуете нешто за темата која што ве интересира.
Интересно нели ? Има ли подобро од кафе со психолог?

Учесници на настанот:

Бојана Стојменовиќ- психолог, семеен и системски советник, практикант на Игровна терапија за деца (Child Centered Play Therapy), Основач на Мој психолог, член во неколку здруженија и проекти, организатор на психоедукативни работилници од областа на психологијата, активист и хуманист.
Тема: Заљубеност и љубов. (Кој е процесот и текот на една врска, што се случува, кои кризи и предизвици ги носи, како да разликуваме заљубеност од љубов, како да негуваме здрав однос и релација со партнерот, како да не се загубиме себе си во врската).

Александра Таневска- психолог, практикант на Психодрама (во едукација 2012-2014), едукант во Гешталт терапија во завршна фаза под супервизија.
Тема: Телесни симптоми - што сака телото да нѝ каже, и како го кажува тоа. Да бидеме еден дел/орган од телото кој почесто страда или се соочува со болка и да видиме што сака да нѝ каже.

Сашо Трповски- психолог, повеќегодишно искуство во групи за личен раст и развој, со посебен нагласок кон Јунгов и Роџерсов пристап.
Тема: Јунговски пристап во толкување на значењето на соништата.

Јасмина Јонуз- психолог кој со години работи во полето на психотерапијата со особен фокус на психолошка поддршка на маргинализирани групи и семејства во социјален ризик. Таа има особрн интерес во психолошко советување, па при тоа по дипломирањето се насочува на советодавна работа и магистрира советодавна психологија на Универзитетот Шефилд. Моментално е ангажирана во ХОПС и СОС Детско село, а воедно е практикант е и на когнитивно бихејвиорална терапија, со искуство во работа со анксиозност и фобии.
Тема: Анксиозност и релаксациони техники.

Тина Георгиева- психолог, семеен системски советник.последна година во едукација за семеен системски психотерапевт. Завршена едукација за психодијагностика (тестови на личност, интелигенција...) и поминати 200 часа во едукација за гешталт психотерапија. вработена како образовен асистент на дете со посебни потреби.
Тема: Семејство и болест (психолошка помош и поддршка низ процесот на соочување и прифаќање на болеста како дисфунксионалност во семејниот систем).

Ели Гроздановска – лиценциран психолог, Гешталт терапевт, автор на неколку научни трудови од областа на позитивната психологија објавени во наши и странски научни списанија и зборници.
Тема: Грижа за себе - Како грижата за себе да стане навика?

Мухамед Ајваз- психолог, а оваа година е на магистерски студии по политички науки и човекови права. Како активист минатите години, активно работеше во невладиниот сектор најмногу на полето на надминување на стереотипите, предрасудите и дискриминацијата кон помалите етнички заедници.
Тема: Зошто имаме предрасуди и стереотипи и како да ги минимизираме.

Тиана Ивановска- психолог, студент на магистерски студии по Стратегиски менаџмент на човечки ресусрси на Економски факултет, Гешталт терапевт под супервизија. Моментално вработена во приватен бизнис како Marketing/Sales Manager.
Тема: Психологија, бизнис и лидерство.


Потребно е само да го пријавите присуството и да напоменете за која тема се најавувате.

075 964 015 (Бојана)
Настанот го организира Мој психолог

Facebook настан: https://www.facebook.com/events/714385052256696/



 

Слични настани:

Оставете коментар