Научно Истражувачкото Друштво – НИЗ и Студентскиот Парламент на Фармацевтски Факултет организираат дводневна мотивирачка екскурзија на Попова Шапка од 20.10.2018 до 21.10.2018. Преноќувањето ќе биде во планинарскиот дом Смреки или Конак, во зависност од бројот на заинтересирани студенти. Двата претставуваат современи планинарски објекти со удобен смештај.
Цената изнесува 900 денари и во таа цена се вклучени патот и сместувањето.

Во сабота наутро во 08:00 часот се тргнува од Железничка Станица-Скопје.
За двата дена се организирани прошетки по патеката Вргањ и околината на скијачките патеки на Попова Шапка.Планинарската патека Вргањ е лесна патека која започнува од планинарскиот дом „Смрека“ (1.800мнв) на Попова Шапка се до Видиковец (1.775мнв) со поглед на Јелачки Црн Врв . Враќањето е преку пределот на Јелак се до планинарскиот дом „Смрека“ (1.800мнв). Патеката е со движење од вкупно 4 часа и должина од 13 км. Има минимална надморска височина за искачување и спуштање, највисоката точка е на 2.000 мнв.
Во недела попладне се тргнува назад во Скопје.

Сите заинтересирани студенти да се пријават кај задолжените студенти:
Дијана Величковска,
Јована Василеска,
Плаќањето се врши во следните термини
9.10.2018 во 12 часоти
15.10.2018 во12часот
во просториите на Студентскиот Сојуз на Фармацевтскиот Факултет,
Плаќањето треба да биде извршено најдоцна до 17.10.2018(по договор со одговорните студенти).

Со почит.
НИЗ и СПФФ

Facebook настан: https://www.facebook.com/events/1704360153009642/



 

Слични настани:

Оставете коментар