New Year`s SHAKE во клуб Epicentar

Epicentar


Понеделни, 31 Декември 22:00-04:00

После ваква година, би било лудо да не ја завршиме 2018 со SHAKE забава. Она што се случува секој четврток на подиумот во клубот Epicentar, ќе го финишираме во за нас препознатлив начин. New school хитовите кои ги одбележаа изминативе 12 месеци како и безвременските hip-hop класици, ќе ни послужат за испраќање на старата, и дочек на новата година (бидете спремни за изненадување на стартот од 2019). Настанот започнува во 22:00ч, а позади грамофоните, стандардно ќе бидат Irie Scratch и Shorty P, со 5R и OG како специјални гости.

*Бројот на влезници е строго ограничен. Првите 100 ќе се продаваат по early bird цена од 300 денари, а потоа цената ќе биде 400 денари (на врата ќе бидат 600). Истите можете да ги набавите на билетарата на Епицентар од среда (12.12), како и секој четврток на SHAKE.

*Поради тоа што е предвидено да има малку коњопои, резервациите можете да ги најавите само со флаша на 075/208-036. Пијачките во текот на целата вечер се по редовна цена.

Facebook настан: https://www.facebook.com/events/1040703299442610/



 

Слични настани:

Оставете коментар