После рамноденица доаѓа датата за почеток на Лето 2019. Првиот настан во летниот период ќе го разубават прозводите на Жито Лукс за кои Вие треба да бидете репер и да кажете дали ви се допаѓаат. Од нивната широка палета на производи ќе имаме добра дегустација.
Секогаш тука добрите AllgaSan и Scout Out Door Shops кои ќе се погрижат да ви биде забавно секој пат, со по некое изненадување. Водата од с.Гари ќе биде со нас на сите 18 настани и ќе нѐ освежува со капките од Стогово. А пак за добрата забава овој пат се погриживме ние и довербата му ја дадовме на одличниот Диџеј Бабура Јуниор, секогаш со светските хитови и со добриот сенс за забава.
Секој настан е сам за себе. На изненадувањата им нема крај оваа сезона.
Стартот е пред Кочо Рацин во 19:00 часот!!!

*****************************************************************************


Не заборавај, можеш со точак, можеш пешки.
# Од некаде мора да се Почне
Почни со тренинг,
Почни со дружба,
Почни со нас,
#ПочниСоВодно

Те очекуваат бајкерско - хајкерска коалиција, Macedonian Bike Riders Друштво неозбилни велосипедисти и i love hiking group Macedonia


*****************************************************************************

Се што треба да знаеш е дека треба да се појавиш во 19:00 часот ПРЕД Кочо Рацин. Да си земеш ранец во кој ќе има 1л вода. Некој шушкавец или тенка јакна за на врвот. Да се пресоблечеш горен дел - алишта. Да не заборавиш да го наполниш мобилниот за да имаш за добра фотка.
Челна ламба или било какво светло кое ќе ти го осветлува патот. Осветлување напред и позади за точаците.
И тоа е се. За се друго ќе се погрижиме ние.

ДВИЖЕЊЕ:
- Со велосипед по асфалтниот пат
- Со пешачење до средно од кај полицијата, од средно нагоре по Димитар-Цветкова патека
- Спуштањето е по асфалт за сите учесници.
- Доколку не можете за нагоре од средно Водно имате жичара за до врвот


ОПРЕМА:
- за хајкерите, челна ламба или било какво светло
- за бајкерите, предно, задно, светло, кацига

ИСХРАНА:
- секој сам си носи исхрана од ранец;
- вода 1 л.
- суво овошје, сендвичи и сл.
- домот на врвот е отворен за да си купите ако нешто ви фали.




НАПОМЕНА:
- Секој учесник е должен да ги почитува правилата и насоките на организаторот и водичите, во спротивно сам е одговорен за несаканите последици;
- Наведените планинарски акции се организирани и движењето се одвива во група предводена од организаторот и водичите.
- Организаторот и водичите имаат право да исклучат член пред стартот на планинарската и велосипедската акција доколку не ги исполнува наведените услови и не ја поседува соодветната опрема за предвидената акција.
- Секој учесник може да биде исклучен од групата поради недолично однесување.
- Организаторот и водичите го задржуваат правото на измени на термините и редоследот на акцијата во зависност од временските услови и останатите технички препреки

Facebook настан: https://www.facebook.com/events/837123189997569/



 

Слични настани:

Оставете коментар