700 ден.

Најбрзо растечкиот талент на светската техно сцена Deborah De Luca утре ќе настапи пред македонската публика во А1 Арената. Таа во моментов е на самиот врв во оваа индустрија и настапува на најголемите и најважните подиуми ширум светот, а македонската публика во предвечерието на Новогодишната ноќ ќе има можност да ужива во урбан звук.
Билетите се пред целосно распродавање, а тоа е добар показател дека македонците сакаат урбан звук. Поставена е бина од 60 м2, употребени се над 30м2 LED дисплеи и над 120 светлечки тела што ќе направат да изгледа оваа журка по примерот и стандардите на најдобрите техно забави. За звукот да биде на нивото на артистот и очекувањата на посетителите во А1 Арената се направени посебни тестирање и употребена е софистицирана опрема која со сигурност ќе извади одличен звук, што впрочем е една од најважните работи за ваков музички настан.
Настанот ќе започне во 22 часот и ќе трае до 06 часот утрото, Deborah De Luca ќе настапи во 2 часот по полноќ, увертира ќе и даде Rinia Rinia, а по неа ќе настапи норвешкото диџејско дуо Eric Small and Carina Helen.



 

Слични настани:

Оставете коментар