Миленикот на скопската публика, човекот кој преку 20 години е присутен на сите по големи hip-hip и r`n`b збиднувања низ целиот свет, повторно е во Македонија. Sergio DJ LATIN PRINCE Jimenez на 19ти Август е домакин пред како што самиот вели “неговите” скопјани во XL Summer Club. LP се запознава со диџејството на свои 7 години во родната Никарагва, вежбајки на семејниот грамофон. За време на Никарагванската Револуција во 1979 година, неговата мајка одлучува дека нај добро за Sergio е да замине од својот дом, и го праќа во Oakland кај неговата тетка. Таму веднаш се заљубува во R`n`B и Funk звуците, и одлучува да започне кариера како Dj. Негов сосед во San Francisco e Dj Eddie Def, кој станува негов ментор и човек кој му помага во пробивањето на тамошната сцена. Кариерата ја започнува како Dj на приватни забави, родендени и свадби, а бидејки на 17 години неговиот талент излегол на виделина, сопствениците на клубови морале да го внесуваат во клубовите многу по рано, за да избегнат проблеми со законите. Неговата популарност толку брзо се развивала, што бил повикан да работи во нај популарната радио станица во Калифорнија – 106 KMEL, додека сеуште бил малолетен. За многу кратко време вратите почнале да му се отвораат, и во 1997 година станува продуцент во HITS Magazine, како и “директор за рап промоции” во еминентната MCA Records, каде соработува со артисти како Mary J. Blige, Common, The Roots и Talib Kweli. Во 2004 година, го формира Bum Squad Djz вебсајтот, кој веднаш станува главен водич за сите hip-hop настани во светот. Во моментов е Национален Директор на Mix Show West Coast Universal Records/Motown Los Angeles, каде работи со Lil Wayne, 216, Remy Martin, Chamillionaire, Penelope Jones и други.

Локална поддршка: Nasty
Старт: 00.00ч

Facebook настан: https://www.facebook.com/events/483891778746348/



 

Слични настани:

Оставете коментар