#ПочниСоВодно+ДџЧарли

Vodno Mileniumski Krst


Четврток, 06 Септември 18:00-21:30

Ноќта ќе биде посветена на олд скул музиката, R&B, Funk, Rock, JY, PoP, Rege и уште многу други old school правци. Ќе не забавува еден од основачите на Bob Marley day кој се одржува секоја година во Скопје, - DjCharley............
............................................... + АлгаСан, Виталиа, Вивах и ДМ
и само уште две дружења до крајот на сезоната.

--------------------------------------------------------------------------

СТАРТОТ е од КочоРацин во 18:00 Часот.

---------------------------------------------------------------------------
Не заборавај, можеш со точак, можеш пешки.
# Од некаде мора да се Почне
Почни со тренинг,
Почни со дружба,
Почни со нас,
#ПочниСоВодно

Те очекуваат бајкерско - хајкерска коалиција, Macedonian Bike Riders Друштво неозбилни велосипедисти и i love hiking group Macedonia


*****************************************************************************

Се што треба да знаеш е дека треба да се појавиш во 18:00 часот ПРЕД Кочо Рацин. Да си земеш ранец во кој ќе има 1л вода. Некој шушкавец или тенка јакна за на врвот. Да се пресоблечеш горен дел - алишта. Да не заборавиш да го наполниш мобилниот за да имаш за добра фотка.
Челна ламба или било какво светло кое ќе ти го осветлува патот. Осветлување напред и позади за точаците.
И тоа е се. За се друго ќе се погрижиме ние.


ОПРЕМА:
- за хајкерите, челна ламба или било какво светло
- за бајкерите, предно, задно, светло, кацига

ИСХРАНА:
- секој сам си носи исхрана од ранец;
- вода 1 л.
- суво овошје, сендвичи и сл.
- домот на врвот е отворен за да си купите ако нешто ви фали.




НАПОМЕНА:
- Секој учесник е должен да ги почитува правилата и насоките на организаторот и водичите, во спротивно сам е одговорен за несаканите последици;
- Наведените планинарски акции се организирани и движењето се одвива во група предводена од организаторот и водичите.
- Организаторот и водичите имаат право да исклучат член пред стартот на планинарската и велосипедската акција доколку не ги исполнува наведените услови и не ја поседува соодветната опрема за предвидената акција.
- Секој учесник може да биде исклучен од групата поради недолично однесување.
- Организаторот и водичите го задржуваат правото на измени на термините и редоследот на акцијата во зависност од временските услови и останатите технички препреки.

Facebook настан: https://www.facebook.com/events/461973957649355/



 

Слични настани:

Оставете коментар