Летната сезона беше исполнета со најпознатите музички имиња како кај нас, така и од регионот, а зимската сезона во Club Avenue продолжува со исто темпо и многу изненадувања.
На добропознатата локација, во Дом на градежници, овој викенд се отвора омилениот клуб на сите љубители на забавата и квалитетната музика, клубот Avenue. Како и секогаш, така и овој викенд, во петок на 19. октомври, подгответе се за одлична музичка програма за која ќе се погрижат Иван Јованов - Либеро, Панки, Жаре Бербер и Бенд 18+, Драган Темелков Џони и Боби Павловски!
Погрижете се да го резервирате своето присуство и да ја започнете зимската сезона со мнооогу музика. Бидете дел од отворањето на најпознатиот клуб во градот - Club Avenue.

Facebook настан: https://www.facebook.com/events/1820404531391688/



 

Слични настани:

Оставете коментар