На два дена пред дочекот на новата година, ВИП арената Борис Трајковски во Скопје, ќе биде местото на најголемата балканска журка во регионот. На 29 декември, со почеток во 20 часот, на една сцена и во една вечер ќе се појават Аца Лукас, Милица Павловиќ и Пеџа Меденица. Со повеќе од 4 часа забава, на сцената во Борис Трајковски ќе се нижат најголемите балкански хитови на овие големи музички имиња.
Влезниците за овој музички предновогодишен спектакл, можете да ги најдете преку продажната мрежа на мктикетс но и во следните продажни места: Југотон, Универзална сала, Турстичка Агенција Атлантик Турс и многу други.
Цената на влезниците е: 400 денари партер, 500 и 600 денари трибина и 900 денари ВИП влезница.
На овој концерт, првпат во живо Аца Лукас и Милица Павловиќ ќе го изведат својот сега веќе голем хит „Кидаш ме“. Репертоарот на Лукас е веќе добро познат. Павловиќ пак, првпат ќе настапи пред македонската публика на ваков голем и спектакуларен концерт. И таа и Пеџа Меденица им се добро познати на македонските фанови со оглед на честите настапи низ македонските дискотеки. Сега и двајцата, ќе имаме можност да ги видиме на голема концертна сцена.
Стартот на концертот е закажан за 20 часот. Организатор на овој музички настан е Балканска музичка продукција.
Резервации на 071218222

Facebook настан: https://www.facebook.com/events/2234428836788480/



 

Слични настани:

Оставете коментар