Deborah De Luca во Скопје!

Boris Trajkovski Sports Center


Сабота, 28 Декември 22:00-06:00
700 ден.

Таа е дефинитивно најбрзо растечкиот талент на светската техно сцена.
Deborah De Luca е на бесконечна светска турнеа додека во исто време ја
раководи својата издавачка куќа Sola mente records каде ја пласира музиката
што ја продуцира...
Во моменти кога е на самиот врв во оваа индустрија и настапува на
најголемите и најважните подиуми ширум светот Deborah De Luca повторно
решава да го стави Скопје како една од последните станици од оваа година.
Со овој гест таа покажува почит кон една од најдобрите публики во Европа,
публика која таа почит ја заслужи на претходните настапи во нашата земја и
со право ја стави на пиедесталот на омилени музичари кои некогаш
настапувале кај нас.
Таа е миленик кај повеќе генерации, а моментално е една од најабараните
артисти, неодамна шпански Vogue

(https://www.vogue.es/living/articulos/conoce-a-la-dj-italiana-deborah-de-luca-
la-gran-reina-actual-de-la-musica-techno) ја опиша како “ Италјанската Dj-ка

Deborah de Luca, една од денешните најголеми кралици на техно музиката“.
Настанот ќе се реализира на 28 декември во големата сала на А1 Арена (екс.
сала Борис Трајковски) со почеток од 22:00 .Влезниците во претпродажба се
со промотивна почетна цена од 600 денари.
Македонија предновогодишно ќе има можност да се забавува со урбан звук
како примерот на големите светски метрополи, а за заокружување на оваа
урбана приказна најавуваме беспрекорна организација со високи стандарди
која за момент ќе Ви овозможи да се чувствувате како да сте дел од
најголемите музички настани во светот.



 

Слични настани:

Оставете коментар